Се подготвува биографски филм за ѕвездата на „Волшебникот од Оз“, актерката и пејачка Џуди Гарланд, којшто ќе има едноставен наслов – „Џуди“.
Биографскиот филм ќе се снима според сценарио на Том Еџ од Нетфликс, а ќе биде во продукција на Дејвид Ливингстоун.
Филмот ќе ги прикажува најтешките и најемотивните лични моменти од животот на Гарланд. За екранизирањето на легендарната актерка е избрана Рене Зелвегер.
Од непознато име, до ѕвезда која ја прогонува детството, Зелвегер има за задача да ги одглуми сите мигови во кои Гарланд била кршлива и уморна. Исто така, со филмот ќе биде опфатена и романсата со петтиот сопруг, Мики Динс.
Во филмот ќе бидат вклучени и многу песни на Џуди Гарланд, меѓу кои и познатата „Somewhere Over the Rainbow“.
Снимањето на филмот ќе започне во февруари наредната година.