Премиерот на Шпанија Маријано Рахој денес донесе одлука повикувајќи се на членот 155 од шпанскиот Устав, со кој привремено се одзема регионалната власт во Каталонија.
Со овој потег, централната власт од Мадрид ја презема контролата врз Каталонија, а доколку Пуџдемон и неговите приврзаници се обидат да прогласат независност постои можност преземањето на власта да остане трајно.
Исто така, Рахој изјавил дека ако направи таков потег, Пуџдемон ризикува да добие затворска казна од најмалку 30 години.
Ваквата одлука на Рахој придонесе на улиците на Барселона повторно да излезат жителите на протести.