Аукциската куќа Џулијен даде на лицитација цртеж којшто Доналд Трамп го нацртал во 1995 година.
На обичниот бел лист хартија е нацртана популарната „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк, со црн маркер.
Пред да започне аукцијата, вредноста на овој цртеж била проценета во висина меѓу 8.000 и 12.000. Не е познато кој учесник на аукцијата дал 16.000 долари за ова „уметничко дело“ на претседателот на САД.