Анонимусите ја нападнале интернет страницата на шпанскиот Уставен суд непосредно пред вонредната седница на тамошната Влада во врска со каталонската криза.
Анонимусите овој напад го нарекоа „Слободна Каталонија“.
На седницата во шпанската Влада се разгледува опцијата примена на членот 155 од Уставот, со кој Шпанија може да ја поништи автономијата која ја има Каталонија, доколку не се откажат од намерите за прогласување независност.