Осум активисти на еколошката организација Greenpeace упаднаа во кругот на нуклеарната централа Катеному, во источна Франција, и испукаа огномет. Освен протест против зависноста на Франција од нуклеарната енергија, целта им била да укажат и дека нуклеарните централи се ранливи и дека има потреба од подобра заштита на нуклеарниот отпад.
[VIDEO] Our activists launched a firework in the perimeter of a french nuclear plant. These installations are vulnerable. #StopRiskingEurope pic.twitter.com/hCyorlKdzq
— Greenpeace France (@greenpeacefr) October 12, 2017
Француската електро-компанија EDF соопшти дека акцијата на Greenpeace немала никаков ризик врз безбедноста на централата
Јаник Русле – портпаролот на Greenpceace, изјави дека нивните активисти стигнале на 100 метри од отворените базени со нуклеарен отпад, и со тоа укажале на безбедносните ризици. Организацијата лобира Франција да изгради специјални бункери над базените со нуклеарен отпад.
Владата на претседателот Емануел Макрон вети дека ќе го зголеми обемот на користење на обновливи извори на енергија и дека ќе ја намали зависноста од застарените нуклеарни централи, кои во моментов се извор на најголемиот дел од електричната енергија во Франција.
Des militants de Greenpeace interpellés à la centrale nucléaire de Cattenom après avoir tiré un feu d’artifice pic.twitter.com/W8GrgmFpAV
— BFMTV – Matinale (@PremiereEdition) October 12, 2017