Kisai Zone часовник со хексагони на Tokyo Flash (видео)

Јапонскиот производител на часовници Tokyo Flash обожава да создава часовници кои се тешки за читање и нивниот најнов производ не е исклучок.

Kisai Zone, го прикажува времето користејќи хексагони а ако од фотографиите не ви е јасно како се чита времето изгледајте го видеото: движењето помага во разбирање на бројките. Металното ременче и телото се достапни во нерѓосувачки и црн челик а LCD дисплејот е достапен во сина, зелена, виолетова и црна боја. Во наредните дваесетина часа часовникот е достапен за 99 долари по што ќе чини 139 долари.

{youtube}O7H-FYzIk_M{/youtube}

- Реклама -