Дали знаете што се случува со вашите деца? Што прават во животот и како се однесуваат во годините кога сè уште би требало да бидат деца?
Некое девојче (или момче) од Скопје премногу има гледано телевизија, поточно серијата Gossip Girl, по што се решило да прави македонска верзија на блогот. Проблемот е во тоа што во овој случај, таа открива информации за малолетни деца и нивните навики при интеракцијата еден со друг, притоа наведувајќи ги вистинските имиња и презимиња, како и линкови до профилите на Фејсбук.
Доколку прочитате дел од постовите на овој блог, а не знаете за што станува збор, ќе помислите дека се работи за опис на банкарски трансакции: „Тој ѝ понудил мување, а таа го одбила“… Се откриваат детали од интимните животи на 14-15 годишни деца, пред целата јавност, правејќи им го животот пекол. Патем, имињата на ликовите се толку добри, што не би можеле да бидат измислени.
{youtube}WncK1VKiTdo{/youtube}
Можеби е дојдено време родителите да седнат и да поразговараат со своите деца за нивните активности, во вистинскиот свет, но и во виртуелниот простор. Можеби…
Дополнување: Посочениот блог, по објавувањето на оваа статија беше избришан. Еден мал чекор во правилна насока.