10 познати логоа и 150 луѓе што ги цртаат по сеќавање

Брендовите трошат милиони и милиони за да ти го заглават нивното лого некаде во мозочните вијуги. И сами по себе знаете – добро им оди. Сепак, „добро“ не им е доволно добар одговор. Сакаат да знаат колку добро.

Па така, имаме компанија како Signs.com, која спроведе фасцинантен експеримент; на 156 Американци, на возраст од 20 до 70 години, им даде да нацртаат 10 славни логоа што попрецизно можат. Зезнатото е што тоа треба да го направат без било какви визуелни хинтови, строго по сеќавање.

Претпоставувате што е резултатот, нели? 150 луѓе, скоро 150 разни верзии.

Сепак, и покрај разликите, повеќето испитаници ги погодуваат боите. Тоа говори за важноста на изборот на бои при создавањето на лого што сакате да се памети. Тоа го потврдува и Карен Халер – еминентен експерт во полето на психологија на бојата. Според неа, првиот контакт со било кое лого го имаме токму преку бојата, со која формираме и емотивна конекција. Дури потоа ја гледаме формата, па логото, па зборовите.

Како и да е, да не тупиме со „техникалии“, цртежите се многу поинтересни (кликајте на сликите за да ги зумирате)

1. Apple

Цртежите:

2. Adidas

Цртежите:

3. Burger King

Цртежите:

4. Starbucks

Цртежите:

5. Ikea

Цртежите:

6. Target

Ова е лесно и не се утнува, нели? Не, не баш. Еве ги цртежите:

7. Walmart

Цртежите:

8. Foot Locker

9 и 10: 7-Eleven,  и Domino’s Pizza

Ги прескокнавме зашто се претежно локални на ниво на САД, па да ве поштедиме барем од малку скролање. Ако сте запнале, еве ви ги ТУКА.

СУМИРАНО

Еве ја статистиката од експериментот. Покажува кое лого е најпрецизно нацртано од најголем процент од испитаниците, или со други зборови, кое е најзапаметено.

На прво место во категориите „речиси совршено нацртано“ и „добро нацртано“ е логото на Ikea. Интересно е што во првава категорија логото на Adidas е дури на 7-мото место, со само 12% од испитаниците кои го нацртале речиси совршено.

- Реклама -