Жените во Саудиска Арабија смеат да возат. Еве што не смеат

Саудискиот крал Салман неодамна со кралски декрет конечно им дозволи на жените да возат. Не дека не знаевме дека не смеат, ама ова уште еднаш потсети до која мера се кршат женските права во оваа конзервативна земја во која сопрузите, синовите, татковците и браќата ги контролираат жените во речиси секој аспект од нивниот живот.

„Саудискиот режим секогаш почнува да решава некое прашање за женските права кога сака да ја ублажи лошата слика во јавноста“, вели Мадави ал Рашид – професорка по социјална антропологија на Економската школа во Лондон, а со потекло од Саудиска Арабија.

„Сега говориме за правото на возење автомобил како тоа да е најважното нешто на светот. Тоа е важно само затоа што на жените им помага да бидат помобилни. Има други многу поважни прашања кои би требало конечно да почнат да се решаваат. Но, се плашам дека до целосна рамноправност има уште многу тежок и многу долг пат“.

Еве неколку примери:

• Брак
Дозвола за венчање мора да даде таканаречениот „wali“ т.е. чуварот на жената. Жените кои сакаат да се омажат за странец мораат да добијат дозвола од Министерството за внатрешни работи, додека венчање со некој кој не е муслиман е целосно невозможно

Сметка во банка
Постојат неколку професии кои жените можат да ги обавуваат самостојно и без дозвола од мажите, како помошничка во дуќан или на пазар… Но, ниту една жена во Саудиска Арабија не смее да отвори сметка во банка без дозвола од маж.

Праведно судење
Според законот на Саудиска Арабија, исказот на жената на суд вреди половина од тој на мажот. Исто така, жените таму добиваат дупло помалку од наследството отколку машките наследници.

Патување
Пасоши и било какви идентификациски документи на жените им се издаваат само со дозвола на нивните сопрузи. Жените не смеат сами ни да излезат од дома.

Мода
Облекувањето заради убавина е незаконито. Жените мораат да носат абаја – долга наметка која достигнува под глуждовите, секогаш кога ќе излезат на улица. Порано мораа да носат исклучиво црна боја, но во последните години тоа правило веќе не се почитува така строго. Патем, не смеат да носат ни сандали во кои им се гледаат прстите или босите стапала.

Дружење со мажи
Разговорот и времето кое жените во Саудиска Арабија го поминуваат со мажи кои не им се роднини е ограничено. На јавните места – во рестораните, на факултетите и слично, постои простор за роднини и простор резервиран само за мажи

Итни медицински зафати
Дури и кога животот им е во опасност, жените нема да бидат оперирани, ниту ќе им биде пружена медицинска помош, ако за тоа немаат пишано одобрение од машки член на семејството

Старателство над деца
Во случај на развод, што е многу редок случај, на жените им се дава старателство над децата само до 7-годишна возраст – за синовите, и 9-годишна возраст – за ќерките.

- Реклама -