Нил деГрас Тајсон мрчи за Game of Thrones

Откако Нил деГрас почна да се меша во филмови, пола интернет му порача да си ја гледа својата тезга – науката, додека другата половина – да се меша уште повеќе. Првите го замразија зашто додека не се појави тој (прв пат фама се крена кога искоментира за „Gravity“), тие што немаат детално познавање од науката (физиката, пред сé) не ги забележуваа пропустите и уживаа во филмовите. Вторите го засакаа затоа што не го контаат концептот на фантастика/фикција и сметаат дека сé во научно-фантастичните филмови треба да биде како по учебник.

Нил деГрас, во меѓувреме, мува не го лази. Него му е забавно да мрчи, а и нас да го читаме. Најнова мета му е Game of Thrones.

„Мислев дека тоа смрзнатите мртви дечки не знаат да пливаат, ама освен тоа…“

„Лоша физика во Game of Thrones. Извлекуваш змеј од езеро? Синџирите треба да се прави (затегнати), а не закривени преку ридовите“.

„Добра биофизика во Game of Thrones. Распонот на крилата на змејовите е доволно голем, колку што е потребно за лет со тежината на нивното тело“.

„За разлика од аеродинамично-бескорисните крила на ренесансните ангели“

„Добра биологија во Game of Thrones. Како и во Lord of the Rings, змејовите се откажале од своите предни екстремитети за да развијат крила, како птиците и лилјаците“.

„Чудна термална физика во Game of Thrones. Здивот на Синиот змеј би требало да е барем трети степен пожежок од здивот на Црвениот змеј“.

- Реклама -