Неколку скокотливи прашања за германска порно ѕвезда

На почетокот на својата кариера, Бетина Хабиг повремено снимала порно филмови додека паралелно работела како стоматолошка сестра во Мунстер, во западна Германија. Тоа се сменило на во 2013-та, кога добива награда „Венера“ за својата улога во филмот „One Night in Bang Cock“ (отсекогаш биле врв порно насловите, нели?). Шефот дознал за нејзината „втора работа“ и ја отпуштил. Оттогаш, Бетина целосно се фокусирала на порно кариерата. Има снимено преку стотина филмови и е една од најуспешните порно ѕвезди во Германија.

Уметничкото име ѝ е Тексас Пети. Тоа „Пети“ ѝ е комбинација од сопственото име (Бети) и името на нејзиниот сопруг – Патрик. Првото видео го снимила токму со Патрик пред 8 години, а оттогаш тој ѝ ја врши и функцијата менаџер. И двајцата имаат иста тетоважа на интимните делови, која гласи „Само за тебе“ (“Nur für dich”). Иронично, нели?

Германски Vice се сретна со Тексас/Бетина и ѝ постави неколку прашања. Ви ги пренесуваме тие со најинтересни одговори.

Колку заработуваш?

„Сега заработувам многу повеќе отколку што заработував како стоматолошки асистент“. Повеќе детали не сака да сподели.

Си правела ли некогаш на снимање нешто што не си сакала?

„Никогаш. Пред да почнеме, продуцентите ми кажуваат што сакаат, а после е на мене да се согласам или да одбијам. Никогаш не би снимала садо-мазо сцени, на пример. Тоа не сум јас, во сексуална смисла. Имам слобода да одам на снимање иако нешто не ми се допаѓа, но никогаш не сум морала…
Важно е да си опуштена кога снимаш порно, затоа што мораш да си во такво расположение. Ако тоа го правиш само заради пари, малку е веројатно дека далеку ќе стигнеш“.

Постои ли нешто што правиш во филмовите, а со маж ти не?

„Не, навистина не. Може има некои пози кои на филм изгледаат добро, ама се премногу напорни за дома, или ги изведуваш поинаку. Кога на филм снимаш поза одпозади, на пример, мораш да го вовлечеш стомакот за да не ти виси. Кога маж ми ме ду*и одпозади дома, едноставно го опуштам стомакот. Тој го познава моето тело, а искрено, одзади и не ми се гледа стомакот“.

Ја избелуваш ли вагината или анусот?

„Апсолутно не. Сметам дека тоа е глупост, и дека е лошо за твоето тело. Вагината и анусот се природно потемни и не би требало да се трудиш да ги избелиш. Ако не ми се допаѓаше како изгледам, немаше ни да се појавувам пред камери“.

Што мислиш за илегалното симнување/гледање на твоите филмови?

„Од ова живеам, па очигледно дека сакам луѓето да плаќаат за моите филмови. Освен тоа, нелегалното симнување филмови ја уништува оваа индустрија“ (аматерското порно не се согласува). „Кога на конвенциите запознавам фанови кои се фалат дека ги гледале сите мои филмови, понекогаш ги прашувам од каде им се. Некои навистина се вадат со нешто во стилот ‘ми ги позајми пријател’. Обично им враќам дека еден ден може нема веќе да доаѓам на конвенциите, ако продолжат да ги гледаат моите филмови бесплатно“.

Се плашиш ли дека ќе се заразиш со ХИВ?

„Тој ризик зависи од тоа со каква продукциска куќа работиш. На професионалните снимања кои ги обавувам, кондомите се незадолжителни, но сите актери се тестираат на секои четири недели. Тоа не е случај кај аматерските компании, каде или се тестираат ретко, или воопшто не“.

Би глумела ли во порно филмови кои се означени како „наменети за жени“ (female friendly) или феминистички?

„Не, зашто не сметам дека мејнстрим порнографијата е сексистичка. Јас лично сакам да бидам во подредена улога за време на сексот, и сакам тоа да го доловам и пред камерите. Не би сакала да ги потиснувам своите желби само затоа што некои феминистки сметаат дека се лоши“.

Мислиш ли дека Бог ја оправдува твојата работа?

„Бог вели дека треба да се сакаме и размножуваме. Во таа смисла, сметам дека во мојата работа нема ништо погрешно, затоа што сексот и голотијата се сосема нормални; тоа не е нешто што треба да го криеме. Моите родители уште како дете ме водеа на нудистички плажи, и знаат со што се бавам, но секако, не ги гледаат моите филмови“…

- Реклама -