Општо правило во фудбалот, па и во спортот, е дека колку си поблиску до теренот, толку е подобро уживањето. Дури и кога гледаме натпревари на ТВ, организаторите на преносот се трудат да нé доближат што повеќе, што со HD квалитет на слика и звук, што со дронови над теренот, 15-30 камери на разни точки на стадионот или микрофони близу аут линиите.
И пак ништо не е добро како видеово. Ова овде покажува каков е фудбалот во самата срж. А можеби и како ќе изгледа фудбалскиот пренос во иднина. Ова овде се кадри од натпреварот на ѕвездите од американската лига (МLS) против Реал Мадрид кој се играше летово, а во кој Американците по втор пат тестираа ваква технологија. Првпат тоа се случи во 2013-та, кога играше Рома. Камерата, секако, е монтирана на главата на судијата.
Brilliant! Every referee should wear a camera. 😆pic.twitter.com/MYG5iPksoo
— Football Stuff (@FootbalIStuff) September 26, 2017