Како е да растеш со опсесивно компулсивно растројство?

Доколку немате слушнато за ова психичко растројство, време е да дознаете нешто повеќе за него. Факт е дека го имаат многу луѓе ширум светот, но не знаат како да се ослободат од него по природен пат.

Да растеш со едно вакво растројство, всушност може да биде една добра лекција која ќе ви послужи во животот. Опсесивно компулсивно растројство значи опседнатост со чистота.

Јас отсекогаш бев девојче кое сакало да се валка во песок, да си игра боса на улица, да јаде и да се брише од алиштата, а кога ќе дојдеше време за туширање, мене ми доаѓаше да побегнам од дома. Но, сето тоа се случуваше додека бев мала и имав кој да внимава на мене. Мојата мајка отсекогаш ме пресоблекувала кога ќе се извалкав и притоа ме карала кога ќе бев валкана. Кога мајка ми почна да работи, тогаш јас почнав сама да се освестувам и сфатив дека на едно девојче не и доликува постојано да биде валкана во валкани алишта и да не се тушира. Тогаш во мојата глава се формира таа опседнатот со чистота, бидејќи мислев дека доволно време сум се запоставувала себеси.

Откако се освестив, малку повеќе од потребно, започнав да се будам рано наутро и да ја чистам не само мојата соба, туку и цела куќа заедно со дворот. Потоа се туширав и не правев ништо цел ден, само за да не се извалкам од било што. Седнував на едно место и се скаменував, за да останам комплетно чиста цел ден, се плашев дури и од честичките во воздухот, мислев дека ќе ме извалкаат.

При туширањето го повторував целиот процес два пати, а некогаш и повеќе. Моите забележаа промена кај мене, но не реагираа никако, бидејќи мислеа конечно сум созреала. Мојата мајка немаше повеќе обврска да ја чисти куќата, бидејќи беше постојано чиста, а исто така немаше обврска да ме средува. бидејќи постојано бев чиста и јас. Тоа што ми се случуваше во главата, го знаев само јас, мислев дека не е ништо страшно, се додека еден ден не сфатив дека навистина имам проблем.

Ја исчистив куќата, се истуширав и седнав на креветот, кога дојде мојот брат и ме допре за рака, прашувајќи ме што правам секој ден, седејќи во едно исто место. Кога ме допре, се почувствував како највалканата личност на светот, мислев бактерии шетаат по моето тело, заминав да се истуширам, а алиштата ги ставив за перење, иако беа чисти.

Тогаш сфатив дека тоа што го правам не е здраво, косата постојано ми се мрсеше, бидејќи ја миев секој ден, па започна и да ми паѓа. Кожата започна да ми се лупи поради тоа што постојано беше третирана со секакви препарати за хигиена и јас едноставно повеќе не личев на себе. Наместо да отидам на лекар, одлучив сама да се излекувам од оваа болест. Започнав да фаќам валкани работи, да не се туширам толку често и да имам почест физички контакт со луѓе, како на пример, допирање на раце при разговор.

Со постојано повторување на сето ова, растројството го тргнав од моето секојдневие. Се намалија и моите останати психички проблеми, како што беше броењето на миење на рацете. Доколку не ги измиев рацете одреден број на пати, се чувствував валкано, па започнав да не бројам повеќе. Сега повторно сум љубител на добра хигиена, но не претерана, бидејќи сфатив дека се што е претерано е лошо, а таа лекција направи голема промена во мојот живот.

извор: zivamegjumrtvite.com

 

 

- Реклама -