Бојата на јазикот открива скриени болести (визуелен водич)

Јазикот наводно открива многу за вашето здравје. Постои цела методологија (линкот упатува кон сајт за кинеска медицина) на дијагноза базирана на изгледот на јазикот, која зема во предвид низа параметри, како формата, големината, текстурата и бојата.

Bright Side објави едноставен график кој може (а може и не) да ви помогне да идентификувате одредени здравствени проблеми за кои не сте свесни или сте свесни ама не сте сигурни. Знаеме дека сте паметни, ама наше е да нагласиме: Визуелната дијагноза, особено со овој график, не е 100% прецизна. Ова не е водич за сами да си сконтате што ви е болеста и сами да се лечите, туку водич со цел да ве прати на проверка на доктор ако имате некои од наведените симптоми.

Откако тоа е јасно, не трчајте веднаш пред огледало. Најдобро е јазикот да го анализирате наутро, на дневна светлина, пред да измиете заби. Се препорачува да не го исплазувате претерано, бидејќи тоа може да влијае на резултатот, исто како и разните влијанија од храна, пијалоци, лекови, или пушење. Затоа, ако веќе го разгледувате, правете го тоа еден час по било каква изложеност на истите. Исто така, имајте на ум дека на изгледот можат да влијаат и повреди од агресивна храна, привремени инфекции и слично, што секако се „површински“ проблеми и не значи дека имате некакви болести на внатрешните органи.

Бојата на јазикот

Светло розева – така изгледа здрав јазик.
Црвена – можеби во тек се заразни болести или воспалителни процеси.

 

Светло-црвена – упатува на срцеви болести или болести на крвта.

 

Жолта – стомачни проблеми или проблеми со црниот дроб.
Виолетово-розева – упатува на проблеми со белите дробови или срцето.

 

Темносина/модра – проблеми со бубрезите.

 

Блед јазик – недостаток на витамини и неухранетост.

 

Бела боја – дехидратација, габична инфекција или грип.

 

Сива боја – болести на дигестивниот тракт.

Бојата на обвивката на јазикот

Бојата на површинската обвивка на јазикот може да се разликува од бојата на самиот јазик. Тенкиот бел слој, кој може лесно да биде истриен, се смета за нормална појава. Сепак, дебелината на таа обвивка обично е пропорционална со сериозноста на проблемот, кога го има.

Дебелата бела обвивка упатува на интоксикација или заразна болест.
Кафената обвивка упатува на проблеми со белите дробови.
Жолтата обвивка сугерира проблеми со дигестивниот тракт.
Сивата обвивка може да сугерира гастритис или пептичен улцер.
- Реклама -