Беше тоа далечната 2003 година, топло долго лето во Скопје на кое Вардар како и овој пат му даде посебен шмек. Се играа квалификации за Лигата на шампионите, а Вардар како тогашен шампион ја претставуваше Македонија. Во првото коло лесно го пројдоа Бери Таун со вкупен резултат 4-2 (3-0 и 1-2), па налетаа на гигантот од Русија, големата ЦСКА Москва.
Попладнето на 30ти Јули скопјани имаа прилика да го слушаат преносот на радио. Крај на мечот, ЦСКА Москва – Вардар 1-2.
Еве и видео од головите
Недела дена подоцна, како што е редот, ЦСКА дојде на градски. Сигурно повеќето ја паметите неверојатната акција на Вардар и голот на гол-машината Вандаир.
Уживајте