Русија планира да испрати мајмуни на Марс

majmun_astronautРусија планира да испрати мајмуни на патување до најблискиот сосед на Земјата – планетата Марс. Иако за мајмуните на долгиот пат до Црвената планета ќе се грижи роботизираниот вселенски брод, оваа одлука веќе ги шокира организациите за заштита на животните.

majmun_astronautРусија планира да испрати мајмуни на патување до најблискиот сосед на Земјата – планетата Марс. Иако за мајмуните на долгиот пат до Црвената планета ќе се грижи роботизираниот вселенски брод, оваа одлука веќе ги шокира организациите за заштита на животните.

Ова не е прв пат Русите да лансираат мајмуни во вселената. Тоа веќе го остварија во 1983 година, кога успешно ги испратија во орботата. „Имаме планови да се вратиме во вселената“ – изјави Зураб Миквабиа, директор на институтот за експериментална патологија и терапија во Грузија. Таа институција набавуваше мајмуни за руските вселенски проекти во 80-тите години. Миквабиа додава дека Институтот веќе е во преговори со руската Академија за симулирана мисија до Марс која ќе стане темел за вистинското лансирање.

Таквата мисија би било своевидно продолжување на проектот Марс-500, кој настана во соработка на руската и европската вселенска агенција (ESA), во која на почетокот на оваа година шест доброволци беа затворени во капсула во Москва за да се симулира патување до Марс.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

„Порано оваа програма беше насочена кон испраќање космонаути во вселената. Но, кога ќе се земе во предвид далечината и влијанието на космичките зраци против кои немаме адекватна заштита, беше одлучено дека ќе биде подобро да се испратат мајмуни.“ – објаснува Миквабиа.

Проценката на должината на патувањето до Марс зависи од видот на мисијата, а ESA предложи „кружно“ патување кое би траело 520 дена, или околу година и пол. Доколку Русија продолжи со реализација на плановите за испраќање мајмуни до Марс, грузискиот институт би станал затворена биосфера во која животните ќе се чуваат на подолг период за да се подготват за патување во вселената. „Робот ќе се грижи за мајмуните во текот на мисијата. Ќе ги храни и ќе чисти. Нашата должност е да ги научиме мајмуните да соработуваат со роботот.“ заклучи Микабиа.

- Реклама -