Кина забранува анонимно коментирање на социјални мрежи

Од 1 октомври, кинеските интернет корисници ќе треба да внимаваат што коментираат по социјалните мрежи и интернет форумите. И едните и другите, според новите правила, ќе треба да ги регистрираат своите корисници под нивните вистински имиња и да ги верификуваат нивните профили. Порталите исто така ќе мораат претходно да ги регистрираат своите корисници пред да им дозволат нивните коментари да се појават на нивните сајтови. Дел од сајтовите веќе почнаа да бараат потврда за идентитет – преку бројот на мобилен телефон, кој е поврзан со личната карта на корисникот.

Кинеската Административна агенција за сајберпростор соопшти дека ваквите мерки се превземаат во име на борбата против лажните вести, со изговор дека коментарите придонесуваат за „ширење на невистини и гласини, непристоен говор и нелегални информации“.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Интересно е што сите коментари околу одлуката кои се појавија на социјалната мрежа Weibo (кинеската верзија на Твитер), го пофалија овој потег на власта.

Одлуката за задолжителна регистрација во суштина е само уште една од мерките во последните месеци насочени кон тоа да се ограничи слободата на говорот на интернет. Во јули беше забранет стримингот во живо, како и пристапот до VPN мрежите – кои овозможуваат да ги заобиколите националните блокади и да посетувате популарни сајтови што се забранети; во случајот на Кина такви се Google, Facebook, Twitter итн.

- Реклама -