На ескимските заедници не им е ни малку лесно. Ним им е потребна итна финансиска помош за да се прилагодат на климатските промени на Арктикот, а парите би биле наменети за изградба на заеднички замрзнувачи.
На ескимските заедници не им е ни малку лесно. Ним им е потребна итна финансиска помош за да се прилагодат на климатските промени на Арктикот, а парите би биле наменети за изградба на заеднички замрзнувачи.
Инуитите, домородното население од подрачјето на Гренланд, Канада, Aљаска и Русија традиционално ловат поларни мечки, китови и фоки. Ним им се потребни дополнителни можности за зачувување на месото и намирниците бидејќи глобалното затоплување значително им ја скратува нивната сезона на лов. Инуитите тврдат дека климатските промени ги воочуваат секојдневно и дека некои села буквално пропаднале заради ерозијата.
Ова се предупредувањата на директорката на Инуитското Сиркумполарно собрание, канаѓанката Виолет Форд. „Во Канада климатските промени, за жал, го воочуваме секојдневно.“ вели Форд, родена и порасната во инуитската заедница Mkkovik на Лабрадор.
„Потребна ни е инфраструктура. Потребни ни се големи замрзнувачи со оглед на тоа дека од неодамна во лов можеме да одиме само неколку пати годишно,“ изјави таа на конференцијата за глобалното затоплување кое се одржува во главниот град на Данска.
Претседателот на собранието, Џејмс Штотц, од местото Barrow на Aљаска, на конференцијата за новинарите раскажа како неговиот 78-годишен вујко починал од последиците на замрзнувањето, откако пропаднал низ мраз, кој во тој период од годината обично е дебел и сигурен. „Инуитите мора да најдат други начини за складирање и чување големи количини месо и други намирници. Некои од нашите села буквално пропаднаа во морето заради ерозијата.“ [Inuits need cash for freezers in warming Arctic]