Како да познаеш дека детето ти е трансџендер?

Во статија објавена во Associated Press, „полови експерти“ (како што наведува AP) понудија неколку хинтови што на родителот ќе му укажат дали детето им е трансџендер.

Во суштина, откако ќе ги прочитате советите, сфаќате дека „големата слика“ е прилично црна, и дека во основа на тоа стои верување дека мозокот на децата е страшно сигурен и одлучен по прашањето на полот – став што многу повеќе го рефлектира умот на возрасен, отколку на дете.

Меѓу прашањата што се поставуваат во статијата се следниве: Како ти како родител да знаеш дали детето ти е трансџендер? По што се разликува момче што може да е трансџендер од момче со вивидна фантазија кое сака да се облекува во фустаните на сестра му? Што треба да направи еден родител ако ќеркичката му рече дека е момче?

Ако малку подобро се загледате во одговорите на „половите експерти“, лесно се насетува наклонетоста кон „полова флуидност“. На пример, во сценарио кога момче сака да носи фустани, ја прашуваат експертката Дајен Еренсафт (директор по ментално здравје на универзитетот во Калифорнија, во Џендер центарот за деца и адолесценти на Сан Франциско, и автор на „Џендер креативно дете“) дали тоа на детето му е само фаза, или се работи за „нешто друго“, така да се изразиме. Еренсафт одговара:

„Мојот одговор е – не знаеме. Тоа што знаеме е дека имаш син кој сака фустани на принцези. Јас би рекла, купете му ги фустаните. Нека детето биде слободно да избере. Можеби ќе престане да носи фустани. Можеби ќе порасне и ќе биде геј“.

На прашањето на критичарите дали на децата од предшколска возраст треба да им биде дозволена „социјална транзиција“, Еренсафт поентира: „Очекуваме 2-годишно дете да знае ‘Јас сум момче. Јас сум девојче’. Зошто истото не би важело и за трансџендер децата?“.

Понатаму во текстот, Еренсафт набројува рани сигнали дека детето можеби е трансџендер: мали деца што си ставаат шноли, се грабаат за куклите и фустаните на сестрите, или ги фрлаат своите камиони играчки.

Супер, нели? Во суштина, советот е ваков: Имаш 18-месечно бебе што не сака да си игра со камиони. Дај да го направиме женско…

Друг знак, според експертката, е кога момче наместо да рече „Посакувам да бев женско“, да рече „Јас сум женско“. Експертката, притоа, не објаснува што да се прави ако детето ви рече „Јас сум нилски коњ“.

Еренсафт вели дека децата веќе на возраст од 3 години разбираат дека „пенис = момче, а вагина = девојче“. Ќе знаете дека детето ви е трансџендер, бидејќи, според Еренсафт, „често овие деца се тие кои очајно прашуваат ‘Зошто Бог ме згрешил?’ и ‘Мамо, можеш ли да ме вратиш назад за да излезам како сестра ми?’ “… Да, на возраст од 3 години.

Зборувајќи за „современ модел на полов развој“, Еренсафт пишува: „Улогата на родителите и ‘агентите на социјализација’ не е да го оформат или охрабруваат половиот идентитет или неговото изразување, туку да го олеснат, рефлектирајќи назад кон детето тоа што детето го преферира како полов израз и артикулиран полов идентитет, кој може а и не мора да е во согласност со полот што му е припишан на детето при раѓање“.

Да, бидејќи децата на година и пол и три години се потполно самосвесни, точно знаат што сакаат и носат информирани одлуки за тоа  што сакаат да бидат преку целиот свој живот… Нели?

 

- Реклама -