Помислиле дека синот им е презгоден за да им е син. Испаднало дека не им е

Мајка од Кина остана со скршено срце откако ДНК тестот покажа дека „детето“ што го растела 28 години не е нејзиниот вистински син. Нејзиниот поранешен сопруг, кој се сомневал, бил тој што побарал да биде направен тестот, бидејќи не можел да разбере како тоа момакот излегол толку згоден.

Мајката признава дека уште откако син ѝ се родил, роднините и пријателите биле изненадени од тоа колку различно изгледа синот и колку е физички поубав во споредба со родителите. На толку години коментари, во умот на сопругот се родило семе на сомнеж, што пак се одразило и врз бракот. Како што спомнавме, сето тоа резултирало со развод, но дури ни тогаш мажот не успевал да се помири со помислата дека ете, можеби, е во право. Седум години по разводот во 2004-та, мажот побарал ДНК тест.

„Мојот син има големи очи и висок корен на носот. Татко му не е баш убав на изглед и е прилично различен (од мојот син)“, вели жената која кинеските медиуми ја ословуваат како Жанг.

Резултатот веќе го знаете – а семејството, заедно со 28-годишниот син Ванг Је, било толку фрапирано од вестите што првично не сакале ни да поверуваат. Како резултат, во 2016-та Ванг Је направил уште еден ДНК тест. Резултатот бил ист.

Мајката се сомнева дека Ванг Је бил заменет уште како бебе во болницата во која е роден. Сигурна е дека не е нејзин, ама од друг маж, на пример. Болницата, пак, одбива да даде објаснување, бидејќи „не можат да ги најдат податоците од тоа време (1989 година)“.

Жанг и син ѝ сега ја тужат болницата. Се надеваат дека некако ќе ги најдат вистинските родители на Ванг Је. Немаат траги, освен тоа дека на нив се метнал убав.

https://youtu.be/mvBeIUKjWi4

- Реклама -