Италијанската полиција денес соопшти дека уапсила еден пожарникар волонтер од Сицилија, кој подметнувал пожари и упатувал лажни повици за да заработи пари при учеството во нивното гасење – по 10 евра на час.
Пироманот бил откриен откако во истрагата што ја спроведе полицијата во градот Рагуза на југоистокот на земјата, биле испитани 15 лица осомничени дека планирале да подметнат пожари, за да заработат од нивното гасење, пренесува Ројтерс.
Сомнежите се потврдиле кога е утврдено дека таа група учествувала во гасењето на 120 пожари, додека за истото тоа време другите противпожарни тимови делувале на 40 локации. Предводникот на групата е ставен во куќен притвор, бидејќи продолжил да подметнува пожари. Останатите членови од групата во одреден момент веќе престанале, соопштува италијанската полиција…