Тетоважава е супер за заебанции во друштво, ама веројатно не сакаш да си ти тој што ја носи.
На 36-годишниот Кени од Камбрија, Англија, не му чуе. Нему му се допаѓа да носи ваква оптичка илузија која сугерира дека си го вози сопственото тело. Во филозофска смисла, и во право е. Телото е сепак само „превозно средство“ за умот, свеста, душата (или што и да верувате). Додуша, Кени е камионџија. Можно е мотивот да му е многу поинаков – дека го сака возењето, на пример.