Пожешки ли се денес летата, или така ни се чини?

Исклучително топлите лета – за какви што не се знаеше во 1950-тите, денес сé се повообичаени. Годинава, на пример, го имаме топлотниот бран во јужна Европа што го натера Рим да штеди вода, а во Пакистан имаме температури од 54° Целзиусови. Ова е само дел од еден поглобален тренд.

Графиците се базирани на податоците на Џејмс Хансен – пензиониран климатски научник на NASA и професор на универзитетот Колумбија. Покажуваат дека во последните декади, летните температури се преминати кон поекстремна жештина.

Истражувањето на Хансен, заедно со уште двајца други колеги, извршено со мерење на просечните температури по декада, од 1980-тите наваму, покажува дека во периодот од 1951 до 1980-та година (на сл. 1), околу една третина од летните температури во северната хемисфера биле во рамките на „блискиот просек“ т.е. нормалниот ранг. Третина биле „студени“, а третина биле „жешки“.

Оттогаш до денес, температурите драстично се променети, покажуваат нивните податоци. Меѓу 2005-та и 2015-та, две третини од вредностите на температурите спаѓаат во „жешката“ категорија, а скоро 15% добиваат нова категорија: „екстремно жешки“ (сл. 4).

Кратко речено, тоа значи дека повеќето летни температури сега се или жешки, или многу жешки, за разлика од средината на 20-от век.

Ова не ги изненадува научниците, и е баш она што го очекуваат од климатските промени. „Податоците на Хансен навистина демонстрираат дека промените во просеците, иако изгледаат скромни, имаат големи импликации врз екстремностите. А токму тоа ќе влијае на општеството и еко-системите“, вели Тод Сенфорд – директор на истражување во Climate Central – непрофитна научна организација. Вели дека графиците покажуваат што се случило досега, а исто така овозможуваат увид и во тоа што ќе се случува во иднина.

Повеќе детали во оригиналниот текст на New York Times.

 

- Реклама -