Македонските каратисти, членови на скопски „Макпетрол“, кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, вчера во елиминацискиот дел од првенството постигнаа извонреден успех.
Петар Заборски во категорија -75 килограми и Сара Радичевска во категорија -50 килограми се пласираа во финалето. Со тоа го обезбедија сребрениот медал и ќе се борат за златото.
Заборски ќе се сретне со натпреварувач од фаворизираните Португалци – Де Пина Родриго Мацедо. Радичевска во финалната борба за противник ја има Португалката Леал Сара, додека пак Наташа Стефановска во категорија -61 килограм ќе се бори за бронзениот медал со Гарсиа Аура од Шпанија.
Борбите за медали по натпреварувачката програма се во текот на денешниот ден.