Најздравата храна од нашето поднебје

Обично сите знаат што е здраво а што не е здраво за јадење. Овошјето и зеленчукот се општо прифатени како намирници за здрав живот. Но, денес ќе погледнеме дел од најздравата храна што вирее во нашето поднебје.

Малина

Малината е овошје кое содржи големо количество на витамин Ц, растителни влакна и состојки кои според бројни истражувања го спречуваат развојот на канцерогените заболувања и помагаат за зачувување на здравјето на кардио-васкуларниот систем. Редовното конзумирање на ова овошје гарантира здравје и виталност.

Диња

Дињата е богата е со антиоксиданси, витамин Ц , бета каротен, калиум и уште многу други состојки. Се докажало дека е меѓу најздравите овошја и се препорачува што почесто да се конзумира.

Грозје

Одлично е за чување на кардиоваскуларниот систем и мозокот, а претставува и одличен извор на железо за крвта. Се наоѓаме во сезона кога грозјето созрева па ви препорачуваме што почесто да уживате во него.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Смоква

Смоквата има одличен вкус и одличен нутритивен статус. Богата е со растителни влакна и витамин Б6 што значи го подобрува расположението, го намалува холестеролот, спречува задржување на екстра вода во организамот и го штити срцето и крвните садови.

Лук

Одличен е и можеби најздраво нешто на нашите простори. Штити од рак, богат е со витамин Б6 и Ц витамин, како и со многу други состојки кои ги нема во другите овошја и зеленчуци.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -