Берберов се вика Рич Холтам и доаѓа од Дадли, Велика Британија. Од скоро го знае цел свет. Му требало нов под за берберницата („BS4“), а професионалците во полето му пресметале дека тоа ќе го чини најмалку 1000 британски фунти. Меѓутоа, Рич седнал да ѕирне троа идеи по интернет, и му текнало. Земал 700 фунти, ги однел во банка и ги раситнил – на 70.000 парички од по 1 пени.
Помогнат од своите колеги од берберницата, потрошиле цела една недела на редење на паричките по подот. Сепак, на крајот, ем Рич заштеди 300 фунти, ем стана вирален и си направи одлична бесплатна реклама, ем си има берберски под како никој друг.