Бескупулозните припадници на ИСИС од Мосул прибегнуваат кон сите можни начини да ја избегнат ирачката правда. Некои од нив се крајно очајни (ко за мажишта како нив) – преправање во жени.
Некои навистина се потрудиле и се истуриле од шминкање, ама за жал само количински, а не и квалитетно. Заробениов на сликата, на пример, го издале брадата, брковите и премногу румените образи. Не помогнале ни лажните бемки (веројатно инспирирани од Сидни Крафорд).
Како дел од меѓународната коалиција предводена од САД, ирачките сили во октомври 2016-та почнаа голема офанзива против ИСИС во Мосул на северот на земјата – најголемиот ирачки град контролиран од т.н. Исламска држава, која пред три години таму го втемели својот калифат над делови од Ирак и Сирија. Падот на Мосул го означи и официјалниот крај на половина од калифатот на ИСИС.
При ослободувањето на градот се оштетени илјадници и уништени 500-тина згради и објекти во историското старо јадро на градот, покажуваат сателитските снимки на Обединетите нации. По над осумте месеци борба, раселени се 900.000 лица – речиси половина од населението на градот. Неколку илјади се загинати.
Исламските екстремисти го заземаа Мосул во јуни 2014-тата. Лажните мантии, фустани, градници и перики тешко дека ќе им помогнат да се провлечат низ прстите на правдата. Да имаа асален стилист – можеби. Ама вака… видете си сами.
Во меѓувреме, во соседна Сирија во тек е офанзива врз тамошните локални борци на ИСИС, чија „престолнина“ е градот Рака. Одвај чекаме да ги видиме нивните маски.