Hyundai сака да стане број еден во Европа

Корејската компанија Hyundai Motor Company си постави за цел да стане најпродаван производител на автомобили во 2021 година, соопштија пред медиумите претставници на брендот за време на презентацијата на два од новите модели на Hyundai во Дизелдорф, во Германија.

Во разговор со новинарите, потпретседателот на компанијата и главен извршен директор на Hyundai Motor Europe – Томас Шмит, посочи точно како ќе биде постигната оваа амбициозна цел.

– Hyundai има намера да стане најдобро продаваната автомобилска компанија во Европа во 2021 година благодарение на лансирањето на цели 30 нови производи. Тие ќе бидат од највисок квалитет и ќе му помогнат на брендот да се искачи на врвот, категоричен е Шмит.

Според раководството на компанијата, до посакуваната цел на европски пазар може да се достигне ако се користи тактиката на онлајн-продажба – нешто на што во последниве години активно се залага американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors.

– Со новата дигитална платформа која ја воведовме на полето на пласман на возилата, сме продале над 100 автомобили само за неколку недели. Ние сме  број 1 по задоволство кај клиентите од тоа што се наши клиенти во Европа, па токму и тоа е една од главните насоки на новата  бизнис-стратегија во остварување на нашите крајни желби, додаде Шмит.

Експерти и аналитичари на европскиот пазар се скептични во однос на ваквите изјави. Тие признаваат дека корејската марка има широк круг корисници на Стариот континент, но сметаат дека планираните резултати тешко ќе бидат реализирани. Во 2016 година Hyundai заврши на 14-то место по продажба во Европа, откако реализира 505.396 нови автомобили. За споредба, компании како Renault, Toyota, Peugeot, Ford и Volkswagen продаваат околу и над еден милион автомобили на континентот.

Автоплус

- Реклама -