Плати филм, добиј пропаганда гратис

Од месецов, посетителите на кинеските кина ќе мораат да гледаат комунистички пропагандни видеа пред секоја проекција на филм. Наредбата доаѓа директно од кинеската Државна администрација за печат, публикација, радио, телевизија и филм (SAPPRFT).

Кината во Кина ќе мораат да прикажат барем еден од постоечките четири пропагандни видеа. Се работи за три-минутни видеа во кои на гледачите им се пренесуваат основните идеи на комунистичката партија, идеалите на социјализмот и „кинескиот сон“ на претседателот Кси Џинпинг.

Емоцијата кај публиката ќе се наметнува со дополнителна помош од оркестрална музичка подлога, а во подмачкувањето на патот на пропагандните пораки до умовите на публиката учествуваат и еден куп кинески филмски ѕвезди. Меѓу нив и Џеки Чен.

- Реклама -