Најдолгиот мост на светот ќе биде отворен до крајот на годинава

По седум години изградба, мостот со должина од 55 километри што ќе го поврзува Хонгконг со Џухаи и Макао конечно се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на годинава.

За изградбата се потрошени 98 милијарди евра, но мостот ќе го намали времето за патување меѓу Хонгконг и Џухаи за 6 пати – на 30 минути. Досега беа потребни цели 3 часа. Згора на тоа, ќе стане и најдолгиот мост на светот.

Конструкцијата е тешка 420.000 тони, а во неа има доволно челик за изградба на дури 60 Ајфелови кули.

На мостот ќе биде изграден и вештачки остров кој ќе располага со станици за полнење на електрични возила – од автомобили, па до автобуси и сл.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Но изградбата не течеше така глатко. „Поради немање искуство, ни требаа 96 часа за да ја поставиме првата цевка во океанот“, вели Џин Хаикинг – водечкиот инженер на проектот. Вели и дека работниците и инженерите многу напорно работеле и многу малку спиеле – некогаш и по четири дена во низа без да склопат око. Делумно, веројатно, тоа е и причината што во текот на овие седум години починаа седум работници, а дури 129 беа повредени.

- Реклама -