Кога мислите дека нашата модерна цивилизација е светлосни години понапред од некои постари и позатуцани заедници, сетете се дека дел од тоа што ние го постигнуваме со помош на технологијата, тие го постигнуваат на „примитивни“ методи, а речиси со ист ефект.
Наоѓањето вода, на пример, во афричките региони каде што е круцијална за преживување. Како тоа го правеле (денес повеќето се модернизирани) африканските племиња?
Краткиот одговор е: на многу едноставен, а многу итар начин. Имено, копаат тесна дупка и на дното ставаат грутка сол. Потоа чекаат. Бабуните обожаваат сол, па прашање на (кратко) време е кога ќе посегнат во дупката. Кога бабунот ќе го направи тоа и ќе ја грабне грутката, тупаницата му станува преголема за да може да ја извлече раката. Може – ако ја пушти солта, но тој е алчен и не сака да се откаже од драгоценоста.
… И додека паничи така заглавен, доаѓа човекот што ја поставил стапицата, го фаќа и буквално го зема и го затвора во кафез. Додека е во кафезот, на бабунот му ја даваат целата сол што може да ја изеде. Но не му даваат вода. По некое време го ослободуваат од кафезот.
Бабунот секогаш знае каде има вода. А овој што престојувал во кафезот е мртов-жеден, па се упатува право таму. Луѓето едноставно го следат до изворот, каде обично има доволно за сите.
https://youtu.be/7Xl3NOoT7Pw?t=74