Зошто над некои седишта во авионите има стрелки?

Повеќето патници не се свесни за добар дел од купот мали детали што го прават летањето побезбедно. Меѓу нив се и симболите скриени пред нивниот нос.

Над одредени редови од седиштата во централниот дел на трупот на авионот, на пример, има мали триаголни налепници, обично со црна или црвена боја. Тие ја означуваат најдобрата точка, т.е. перспектива за набљудување и проверка на крилата на авионот. На пример, ако екипажот некогаш има потреба да ја провери перката на крилото (flap, подвижниот дел) или дали крилото е целосно одмрзнато, овие стрелки т.е. триаголни симболи го означуваат најсоодветниот прозорец низ кој ќе ја имате најдеталната глетка.

Освен за ориентација на екипажот, овие симболи за некои патници значат и дека го добиле најдоброто место, барем за оние кои преферираат да го гледаат крилото. Додуша, има и такви што ја паметат сцената од епидозата “Nightmare at 20,000 Feet” од „Зона на самракот“, кога Вилијам Шатнер погледнува кон крилото и забележува гремлин како се доближува кон прозорецот. Оттаму, баш тоа место во авионот е популарно и како „William Shatner’s Seat“. За среќа, најлошото што може вам да ви се случи на ова седиште е стјуардесата да се навали над вас за да погледне низ прозорецот.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

https://youtu.be/i1PikITKKYY

- Реклама -