Сираците од Титаник

На 15 Април 1912 година, Титаник удира во санта мраз и во трагедијата загинуваат 1500 луѓе. Помеѓу 710-те преживеани се и две момчиња на возраст од 2 и 4 години. Всушност, ова беа единствените деца кои биле спасени, а биле без старател или родител.

Листата на патници на Титаник била хаос, недостасувале премногу информации. Двете момчиња, пак, на секое поставено прашање одговарале со „Oui”. Станаа познати како Луис и Лола… и како „Близнаците на Титаник“. Нивниот идентитет беше мистерија, сé до моментот кога една жена од Ница не виде статија во весник и не ги препозна своите синови.

Нејзиното име е Марсел Карето. Пријавила кај локалните власти и им ја објаснила ситуација во целост. Докажала дека е мајка на децата со тоа што поставувала прашања на кои само нејзините синови би можеле да одговорат. По некое време, конечно ѝ е дозволено да си ги види децата. Едниот е Мишел, а другиот – помладиот, е Едмонд.

Сега, прашањето е како 2-годишно и 4-годишно дете се нашле на Титаник, а за тоа да не знае нивната мајка?

Одговорот е – таткото. Тој ги киднапирал децата со цел да ги оттргне од нивната мајка. Неговиот план бил да стигне во САД (Титаник тргнал од Велика Британија) и да започне нов живот. На Титаник (како и на листата на патници) го користел лажното име Луис Б. Хофман, а неговите деца ги потпишал како Лоло и Момон. Истрагата подоцна покажа дека тој бил единствениот загинат патник кај кого е пронајден револвер. Пред да потоне заедно со бродот, ги ставил децата во спасувачки чамец. Тие беа меѓу 700-те патници спасени од бродот Карпатија.

Кога пристигнале во Њујорк, дечињата живееле со Маргарет Хајс, исто така патничка која ја преживува несреќата. Еден месец подоцна се среќаваат со нивната мајка, по нејзиното долго патување преку Атлантикот…

Едмонд загинува на 43-годишна возраст, борејќи се на страната на Франција во Втората светска војна. Мишел се запишува на колеџ и станува доктор на науки и професор по филозофија.

Умира во јануари 2001-та, на 92 годишна возраст. Со тоа влегува во историјата како најстариот и последниот сведок на една од најголемите трагедии, таа на Титаник.

- Реклама -