Не познаваме некој што начукал над 30-ка и не би сакал да биде на местото на Томислав Јурчек од Загреб. Не затоа што има 23 години, туку затоа што изгледа како да има 13. А изглед на 10 години помлад е убава работа во најголемиот дел од животот.
Но случајот на Томислав е прилично екстремен. Се работи за проблем со питуитарната жлезда, попозната како хипофиза, која го контролира растот и стареењето. Благодарение на неговиот „дефект“, Јурчек е заглавен во тело на 13-годишник и ќе изгледа како тинејџер уште некое време.
Тоа си има свои добри, лоши и забавни страни. На пример, мора да покаже лична карта секогаш кога купува цигари или алкохол. Од друга страна, токму неговата состојба и детски изглед му помогнаа да биде дел од HBO хитот Game of Thrones, во улога на дублер на Питер Динклиџ, како и во улога на некредитираното „Hero Corps Child”.
И самиот Томислав е свесен дека неговата ситуација во иднина ќе му претставува предност. „Кога другите на моја возраст ќе се замараат со брак и деца“, вели, „јас ќе имам 10 години предност да си го изживеам животот до максимум“.
Неговиот најдобар другар Звонимир вели дека и кога го сретнал пред 10 години изгледал помлад од својата возраст. На почеток не му верувал дека има 13 години, но потоа се навикнал на неговиот млад изглед и детски глас. Сепак, кога другите ќе го видат Томислав со цигара и пиво некаде по локалните барови, не се така рамнодушни.
„Ако пиеме или нешто слично, луѓето го гледаат келнерот попреку, како со поглед да му велат: Како се осмелуваш да му дадеш алкохол на дете, бе?“, раскажува Звонимир.
Нормално, тој и Томислав се смеат на таквите комични ситуации, исто како кога продавачите му ги подаваат цигарите со збунето „Ерм… повели“, откако ќе им ја покаже личната карта.
https://youtu.be/sAd9HrHkCa4