Електрични автомобили ќе се натпреваруваат во нова светска конкуренција, по урнек на Ф1, во договор меѓу Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) и група инвеститори, кои планираат да организираат меѓународни натпревари околу централни градски атрактивни локации.
Формула Е“ ќе стартува во 2014 година и ќе вклучува 10 екипи и 20 пилоти, а целта е да се привлечат натпреварувачи од традиционалните тимови од „Формула 1“, компании за производство на електрични автомобили и светски брендови.
На првата трка пилотите ќе имаат прототип автомобил развиен од француската компанија Formulec. Се вози со две брзини и се напојува со акумулатор со литиум-железо фосфат. Неговата тежина е 780 кг и развива максимална брзина од 220 km/h, а забрзува до стотка за три секунди.
Автономијата на возилото е 25 минути со едно полнење, што значи дека пилотите ќе имаат потреба од втор автомобил за близу едночасовна трка.
Возилата од „Формула 1“ со 2,6-литарски V8 мотор и моќност од 750 коњски сили имаат минимална тежина од 640 килограми, вклучувајќи го и возачот. Тие можат да имаат максимум седум брзини. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е можно за околу 1,7 секунди, a максималната брзина надминува 300 km/h.
Комерцијалните права за новиот електричен автомобил за „Формула Е“ припаѓаат на конзорциум на име Formula E Holdings, предводен од Енрике Бануелос, шпански градител, кој загуби милијарди поради катастарски недоследности во 2007 година и во моментов работи во Бразил.
Друг инвеститор е Алехандро Агаг – поранешен европратеник, чија фирма е со седиште во Лондон и има свои тимови кои се натпреваруваат во GP2 и GP3. Агаг ќе е извршен директор на Formula E Holdings, која ќе е со седиште во Хонг Конг.
Зад проектот стои и пилотот-аматер Лорд Дрејсен – поранешен министер за наука на Велика Британија, чија фирма Drayson Racing Technologies е пионер во трките со еколошки автомобили, како и шефот на Formulec, Ерик Барбару.
Објавено во соработка со Авто Плус.