ekoD Works е јапонска модна компанија што специјализира во „хумористичен арт и дизајн“. Неодамна извадија женска маица со принт од оптичка илузија, која ќе направи секоја девојка да изгледа како да има развиена „предница“, дури и ако нема.
Таканаречената Illusion Grid t-shirt користи дисторзија и итра сенка, со што ја манипулира перспективата и оддава впечаток на пополнета маица, дури и ако е широк модел. Море, дури и кога никој не ја носи маицата.
Ќе кошта 38 долари. Ама ако се погледне во портфолиото на дизајнерот, станува јасно (ако не беше до сега) дека Illusion Grid не е замислена како практично решение за женската (и особено тинејџерска) несигурност, туку за мајтап. Зад тој мајтап се крие пораката дека, ама стварно, не ви требаат силикони. Таман ви е предницата, каква и да е. Со сите што мислат поинаку, слободно можете да се мајтапите (со или без маицава). И онака со добар хумор ќе си фатите подобар дечко.