Холандскиот дизајнер Вутер Кордувенер (Wouter Corduwener), кој работи во музејот на отворено Zaanse Schans, се сретнува со Зоран Радически – тетовчанец од Македонија.
Испаѓа дека и двајцата се полиглоти, па почнуваат да си прават муабет ем на 15 заеднички јазици, ем и на одредени дијалекти од тие јазици. После тоа нашиов му вади уште 6 други кои Холанѓанецот не ги зборува: албански, хрватски, нормално и македонски, грчки, српски и бугарски.
Ние не знаеме 21 јазик, па не можеме да кажеме дали познавањето им е одлично или многу добро. Во коментари, нормално, има и такви што мрчат. Ама едно е факт: зборуваа на 15 јазици, и се разбраа.
PS. Можете да го ѕирнете и Американецот што зборува македонски