Песочна бура во Сиднеј

Повеќе... Жителите на Сиднеј се најдоа насреде бизарна песочна бура заради која овој австралиски град изгледаше како да се наоѓа на планетата Марс. Песочните бури не се ништо ново во Австралија, но ова е една од најлошите што се случила во последниве декади. Дали овој необичен феномен е поврзан со климатските промени?


Жителите на Сиднеј се најдоа насреде бизарна песочна бура заради која овој австралиски град изгледаше како да се наоѓа на планетата Марс. Песочните бури не се ништо ново во Австралија, но оваа е една од најлошите што се случила во последниве декади. Дали овој необичен феномен е поврзан со климатските промени?

article-1215443-068c8895000005dc-935_964x636.jpg

Според она што го пренесува Ројтерс:
Научниците сè уште не се спремни директно да ги поврзат екстремните временски прилики како бурите и сушите со климатските промени, тврдејќи дека ова варира зависно од атмосферската состојба, но еколошките (или т.н. зелени) групи овие ги поврзуваат со потребата за акција во борбата против климатските промени.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Песочните бури во Австралија, најсувиот населен континент со пространи пустински предели, не се невообичаени. Централна и Источна Австралија е најголем глобален извор на атмосферска прашина, велат експертите. Но песочните бури обично се ограничени на внатрешноста. Повремено, за време на долготрајна суша тие можат да ги зафатат и крајбрежните делови.

Пред оваа песочна бура која го зафати Сиднеј, центар на една од најспектакуларните бури беше Мелбурн во февруари 1983. Долготрајните сушни периоди во 30-тите и 40-тите години резултираа со повеќе песочни бури, кои кулминираа во летото 1944/45, кога на неколку наврати правот во Adelaide бил толку густ што морало да се вклучи уличното осветлување. Сателитски слики во 2002 година покажуваат песочна бура која била 1.500 km долга, 400km широка и 1.5km висока, зафаќајќи го просторот од Нов Јужен Велс и Квинсленд.

article-1215443-068c3479000005dc-586_964x641.jpg

article-1215443-068ca00a000005dc-257_964x642.jpg

article-1215443-068c41c5000005dc-841_964x606.jpg

article-1215443-068c4a8d000005dc-685_964x629.jpg

article-1215443-068c5901000005dc-767_964x633.jpg

Повеќе фотографии од песочната бура можете да погледнете на Flickr.

- Реклама -