Сте се запрашале некогаш што имало на ѕидот крај кој поминувате пред целиот да биде прекриен со графит? Многу веројатно е – друг графит. А ако сте во Нијмеген во Холандија и стоите пред „Графити халата на славните“ (Doornroosje), тој најсвеж слој крие уште еден куп други слоеви графити.
Imgur корисникот PaulDeGraaf сподели детална анализа на еден сегмент што го излупил од гореспоменатиот ѕид на Doornroosje.
Местото почнало како култна локација за хипиците во ’70-тите и прераснало во центар на музиката и уметноста во раните ’80-ти, објаснува DeGraaf. Тоа било едно од првите места каде што било легално да се пуши канабис. Денес е музичко студио, а воедно и „Графити хала на славните“. Објектот е опкружен со ѕидови исто така прекриени со графити „од глава до пети“.
Туку да прејдеме на главното, вака изгледа парче од ѕидот со 30 години истрпени слоеви боја:
Дури направил и тајмлајн на случувања за секој слој (не сме сигурни како):