Во првата епизода на серијата Westworld на HBO, силно се сугерира дека гледаме силување на преплашен робот. Долорес е автоматон кој мисли дека е 30-годишна жена и не престанува да плаче, вришти и моли. Тешко е за гледање. Но има луѓе кои се палат баш на вакво нешто. На порно сајтовите овие видеа – со силување како главна тема – се маскирани под тагот „struggle porn“ или зад новокомпонирани изрази како „painal“ (од pain и anal). Но кога се работи за робот или секс кукла, насловите и таговите се далеку поискрени – отворено се користи зборот „rape“ (силување) – бидејќи самиот чин не имплицира криминал.
Не сите видеа се симулација на силување роботи, нели; постои популарен поджанр на порно во кој жените се „растурани“ од автоматски машини со монтирано дилдо, на пример. Но другите видеа се вртат главно околу еден многу специфичен „шмек“: силување на робот или хуманоид кој не може, бидејќи нема претстава за себе, да даде согласност. Со создавање на човеколика форма и ставање на истата во сценарија што портретираат силување (видеата доаѓаат главно од луѓе што се снимаат по дома) – врзување на „рацете“, држејќи ја цврсто под тежината на телото, преправајќи се дека си ја соборил – на гледачите им се сугерира дека има нешто возбудливо и секси во наметнување на сила врз некого или некаков објект.
Компанијата RealDoll постои од 1997 година и создаваше сé пореалистични машки и женски кукли скоро 20 години, до степен што денешните модели делуваат поприродно од било кога и дури менуваат и пози. RealDoll не е поврзана со ниту една конкретна порно продукција, ама нивните продукти често се користат во видеата што симулираат силување. И додека актот на пенетрирање во некого без негова дозвола е правно дефиниран како силување, пенетрирањето на објект не е и не може да биде. Оттаму, и снимките со таков акт не се нелегални. Сепак, и те како се морничави, во најмала рака.
Некој ќе рече дека и користењето на скапи секс играчки моделирани како реплики од вагините, грлата и ректалните шуплини на порно ѕвездите, ги охрабрува корисниците да фантазираат за „имање на контролата“ врз женските тела, без да се замараат да прашаат за дозвола. Но во реалноста има голема разлика меѓу хај-тек секс играчките и видеата што симулираат силување. Кратко речено, кога имаш реплика од грлото на порно актерка, имаш баш тоа – реплика од грло на порно актерка. Никој не фантазира да силува грло. Но кога имаш феминизиран робот, имаш потенцијална жртва. Очигледно, некои луѓе фантазираат да имаат жртва. Фантазијата во овие видеа не е насочена кон тоа да се има женски робот, туку кон тоа да се потчини женски робот.
Колку поблиску стигнуваат секс играчките до тоа да личат на човек, толку поблиску ќе се соочуваме со концептот на согласност. Дали симулирањето на несогласен акт (како што е силувањето) е проблематично, зависи пред сé од тоа до каде се протегаат границите на комфортната зона на индивидуата по однос на roleplay-от (играње улоги) и фантазијата. Луѓето што се по садо-мазо, на пример, често се доближуваат до границата на несогласен сексуален партнер. Меѓутоа кај нив е поинаку: тие од сам старт се согласуваат да не се согласуваат, а во искрените и отворени врски и односи, одредуваат и „safe word“ – збор што кога едниот ќе го каже, значи дека веќе не му се допаѓа тоа што се прави и играта престанува. Роботите и куклите немаат право на таков збор што ќе значи „стоп“.
Постои ли причина да се верува дека лице што гледа порно со силување на RealDoll кукли има поголема тенденција да нападне вистинска личност во реалниот живот? Истражувања нема. Ама има истражувања на слична тема, околу тенденцијата кон сексуална агресија меѓу лицата што консумираат насилно порно. Резултатите не се добри.
Можеби соодносот меѓу насилните фантазии и криминалот не е 1:1 (за многумина, насилните фантазии остануваат само фантазии), ама постои можност ненамерно да се зголеми тенденцијата. Да, има разлика меѓу тоа што ѝ се случува на Долорес од Westworld и силување на RealDoll кукла. Тој што „силува“ кукла ќе мора активно да се обидува да ја одржи фантазијата дека куклата е жива додека се пафта наоколу. Тој што ја силува Долорес, пак, ќе мора активно да се потсетува дека таа не е човек, туку само совршена симулација (симулакрум де, океј), под услов да сака да си ја зачува истата претстава за себе како пред чинот.
Со секоја помината година, разликата меѓу сексуалните направи на пазарот и вистинските луѓе веројатно ќе се намалува. Во еден момент, ќе биде тешко да се разликува човек од робот; не во буквална смисла, но во смисла на тоа дека навикнати на тоа да правиме што сакаме со нашите секс играчки, сé повеќе луѓе ќе посегнат да го прават тоа и со други луѓе. Во Westworld дел од искуството што им се нуди на посетителите е тоа што им е дозволено да прават сé и сешто, без последици. Дел од корисничкото искуство, тогаш, дозволено е да биде извлечено и од тоа да ја слушаш Долорес да повторува „не, те молам, немој“ додека ја силуваш. Уште повеќе што тоа „не, немој, те молам“ може да е опција што некој похрабар претприемач ќе ја воведе во моментално постоечките секс кукли (веројатно не се случило до сега бидејќи осудата од јавноста ќе биде голема). Изобилството на фантазијата „силување“ во порното силно сугерира дека тоа ќе се случи и дека наскоро ќе имаме роботи и кукли создадени со цел да бидат злоставувани.
Денес има напредни вибратори кои ја „памтат“ шемата на вибрации која најчесто го доведува корисникот до оргазам. Но тоа е рудиментирана форма на задоволство во споредба со тоа што се очекува во иднина; истиот тој принцип може да биде насочен кон мозокот, а помалку кон гениталиите (што не значи дека гениталиите ќе бидат исклучени од процесот). Лепезата на понудата ќе биде се поширока и сé поприлагодена на индивидуалниот корисник. И затоа можеме безбедно да тврдиме дека хуманоидните секс роботи и кукли се многу повеќе од само уште еден производ што му се продава на потрошувачот. Муштеријата не може секогаш да биде во право.
Inverse