Најинтересните импровизирани оружја најдени во Русија

Рускиот портал Lenta.ru направи листа од најинтересните импровизирани оружја од домашна изработка во Русија. Еве дел од конфискуваните.

^ Пиштол запленет од локален пијаница. Полицијата му влегла дома по пријава за недолично однесување и му го нашла чудното хоби. Излегло дека слободното време го поминувал проучувајќи стари списанија за оружје и правење на пиштоли според шемите во нив. Вкупно биле најдени четири пиштоли, заедно со овој на сликата.

^ Човек на железничка станица бил запрен од полицијата за време на рутинска проверка на личните податоци. Полицајците забележале чуден објект во негов посед. Излегло дека е пиштол од домашна изработка. Човекот рекол дека го нашол во куќата на брат му, и дека го носи со себе затоа што ќе оди на лов во блиската шума. Пиштолот, очигледно, не стигнал да лови – бил запленет.

^ Уште една домашна изработка, со принцип сличен на првиот пример. Сепак, оваа е запленета во сосема друг дел на Русија.

^ Верувале или не, и овој е „направи сам“. Бил запленет од невработен 24-годишник. Користи 9-милиметарски куршуми – најзастапениот калибар меѓу Советската армија и полициските пиштоли. Најинтересно е што освен пиштолот е најден и куршум, исто така од домашна изработка – и единствен кој 24-годишникот го имал кај себе.

^ Уште еден пример. Не му ја знаеме приказната.

^ „Направи сам“ пиштол маскиран како пенкало. Запленет е во полициска рација во Воронеж, во 2014-та. Тој ден биле запленети тон оружја и муниција, ама ова бил најегзотичниот примерок.

^ Домашно изработен револвер. Најден е кај 55-годишен Русин од Архангелск. Пиштолов му спечали затвор.

^ Ова е веќе импровизиран автомат. Исто така најегзотичниот улов во таа рација, иако биле најдени и неколку пакувања барут.

^ Најден од рибари во 2013-та. Нашле пакет во водата и во пакетот било ова. Го однеле во полиција, а за возврат добиле парична награда. Што е и те како доказ дека импровизираниве пиштоли се подеднакво опасни.

^ Еден уште понетипичен примерок. Бил уништен заедно со 1.800 други парчиња запленето оружје во рускиот град Самара.

^ Уште една опасна импровизација. Најден и уништен во Иркутск. Патем, не ли е греота примероциве да бидат уништувани? Ние, на пример, радо би платиле за да посетиме музеј со вакви.

^ Оваа „пушка“ е запленета во јануари годинава. Најдена е при проверка на „сомнителен“ бездомник. Човекот рекол дека го користел за да ги плаши кучињата кога го напаѓале низ улиците. Сепак, бидејќи оружјето било целосно функционално, бездомникот е обвинет за илегално поседување.

^ На некој што ќе запне да направи оружје, доволна му е и гранка. Ова горе е најдено во куќата на еден 55-годишник. Рекол дека го користи за лов на нутрии – coypu (мали животни со скапо крзно).

^ А овој е направен од изолир трака и гумени ластичиња – на принцип на детски чатал. Сопственикот бил 19-годишно момче. Сепак, оружјето било целосно функционален „наполни-затегни-и-пукај“ пиштол, па 19-годишникот е обвинет за илегално поседување.

- Реклама -