Бидете на Здраво Млади 7 (сабота, 10 јуни)

Утре, сабота, 10 јуни, во и пред МКЦ ќе се оддржи седмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“. Оваа година на две бини ќе настапат 10 изведувачи од 6 различни држави.

• Slowdive (Англија) се вистински легенди за генерациите што растеа со инди музика на крајот на 80-те и во 90-те. Бенд, кој со сета своја раскошност е вграден во темелите на она што подоцна ќе стане популарно како Shoegaze.

• King Khan & The Shrines (Канада), хиперсексуален гараж-панк од Канада виа Берлин.


• Kite Base (Англија) класичен инди став и песна врз електронски ритам. Ова е side проект на басистката на Savages.

• The Underground Youth (Англија), манчестерски психоделичен пост-панк бенд, кој е најтопло препорачан да се види во живо.


• K-X-P (Финска) се електронска, транс-рок-фри џез атракција од Хелсинки, која се карактеризира со костимиран и неверојатно енергичен жив настап.

Програмата курирана од страна на селекторот на Dis-Patch фестивалот од Белград, Реља Бобиќ, ја сочинуваат:

• Kreidler (Германија), еклектична дистописка авантура.
• Tapan (Србија) доаѓа од Белград и е нетипичен техно/електронски бенд, кој синтетизира ориентализам и џез импровизации.
• Demek (Македонија) е скопско, пост-пост комбо, кое се одликува по мешање на различни жанрови и тоа не само од музички карактер. Вистинска постколонијална егзотика.
• WoO (Србија) невозможно за стилска определба, тие носат таг на опскурно среќна музика.
• 33.10.3402 (Србија) е белградски изведувач на окултни модуларни сонични колажи.

Вратите за посетителите се отвораат во 19:15, програмата започнува точно во 20:00, а распоредот на настапи е следен:

Бина надвор
20:00 The Underground Youth
21:00 K-X-P
22:45 SLOWDIVE
00:40 King Khan And The Shrines

Бина внатре
22:00 Kite Base
Dis-Patch Throwback програма
23:30 Wo0
00:20 Demek
01:00 KREIDLER
02:10 Tapan
03:20 33.10.3402
+ DJ Moodswinger (intermezzo DJ)

Во фестивалскиот простор ќе биде обезбедена и продажба на храна од неколку продавачи.

Билети за фестивалот се продаваат преку МК Тикетс, Купи Карти За Сѐ и на Билетарницата на МКЦ. До петок (9 јуни) до 21:00 чинат 600 денари, а на ден на фестивалот (10 јуни) билетите ќе чинат 800 денари.

- Реклама -