Измислено чоколадо што не дебелее

Чоколадо кое е исклучително добро и вкусно, а кое истовремено е и помалку штетно е новиот изум на научниците од универзитетот Ворвик, во Велика Британија.

Од сега па натаму љубителите на чоколадото ќе можат да уживаат во својот омилен вкус без преголема грижа за калориите, односно за вишокот на килограми, тврдат научниците од Ворвик. Од чоколадото се отстранети голем број на маснотии кои ги содржи млекото и се заменети со парчиња портокал и сок од брусница.

Благодарение на специјална технологија за емулзија научниците успеале овие сокови да ги преточат во црна и бела т.е. во чоколадна боја, без притоа да го променат одличниот вкус на чоколадото.

Прочитајте и:  Шест фактори на ризик за преддијабетес

Научниците со сигурност тврдат дека новото поздраво чоколадо нема да има лош вкус, односно нема да биде ништо помалку вкусно од стандардното. Во производството ќе може да се додава и вода и аскорбинска киселина.

Научниците исто така сметаат дека со овој изум уживателите на чоколадото ќе можат да го користат колку сакаат без притоа сериозно да си наштетат на здравјето.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -