Село толку убаво што е забрането да го сликаш

Селото Бергун во Швајцарија забрани фотографирање на неговиот живописен планински пејзаж. Главната причина е „за да не се вознемируваат оние кои не можат да го посетат овој крај“.

Локалните власти објаснуваат дека луѓето кои ги гледаат фотографиите од Бергун почнуваат да се чувствуваат несреќно бидејќи не се во можност да го посетат, па во обид да ги поштеди, општинската управа донела одлука да ги забрани. Локалната туристичка агенција потсетува дека ефектот е „научно докажан“.

Луѓето без осет што сепак ќе го фотографираат Бергун и ќе продолжат да ги прават другите несреќни, ќе треба да платат „симболична“ казна од 5 швајцарски франци (околу 280 денари).

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -