Volkswagen традиционално секоја година ги собира своите фанови крај австриското езеро Вортерзе, а по правило манифестацијата се користи за прикажување на специјални модели. Оваа година фановите на концернот беа воодушевени од најмоќниот Golf GTI во историјата.
Хибридниот хот-хеч е подготвен од група студенти, со моќ на агрегатот од 410 КС и систем за погон на четири тркала. Автомобилот доби бензински 2,0-литарски турбомотор, кој одговара за пренос на предната оска и 48-волтен електромотор со моќност од 12 киловати, што се грижи за задната оска. Системот е така направен да двата мотора да можат да работат одделно еден од друг. Така концептот може да биде автомобил со мотор со внатрешно согорување или пак комплетен електромобил.
Меѓу особености на специјалниот Golf e невообичаениот распоред на надворешноста. Каросеријата е во посебна сина боја, поставен е спојлер од верзијата Clubsport на Golf GTI, како и 20-инчни фелни. Хечбекот доби возачки седиште со функција за масажа, кои може да се регулираат од специјална апликација на вашиот мобилен телефон.
Во хечбекот, чие полно име е Volkswagen Golf GTI First Decade (веќе 10 години групата студентите соработува со компанијата за изработка на вакви автомобили), е поставено и моќно аудио (1690 вати) со повеќе излези, лоцирани на местото за задни седишта.