Реал го однесе супер купот на Шпанија (видео)

Реал Мадрид со 2:1 ја совлада Барселона на реванш дуелот од Супер купот на Шпанија и на тој начин, по поразот од 2:3 на првата средба, благодарение на голот на гости, стигна до првиот трофеј во новата сезона.

„Кралевите“ ги скршија Каталонците благодарени на одличната игра во првиот дел. Игуаин во 11. минута и Кристијано Роналдо во 19. минута, на асистенција на Кедира, уште на стартот на дуелот ја најавија желбата за триумф над Барса.

Водството од 2:0 на „Кралевите“ Каталонците успеаја да го намалат во 45. минута со фантастичниот гол на Лионел Меси од слободен удар, и тоа беше сè што можеа да направат, барем од резултатски аспект во обидот да стигнат до Супер купот.

Прочитајте и:  Шпанката Лаура Марин пее македонски песни

{youtube}SxRDM7DP758{/youtube}

Во второто полувреме и покрај активната игра на Барса сепак Реал Мадрид во голема мера рутински го одржа водството доволно за првиот трофеј сезонава.

На овој дуел во дресот на Реал Мадрид дебитираше хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој во игра влезе во 83. минута од натпреварот на местото на Озил.

- Реклама -