Швајцарската компанија Classic Factory ги објави првите официјални фотки и откри информации за својата електрична супер изведба. Најважната од нив е дека возилото ќе може да мине околу 600 километри со едно полнење, со што ќе биде подобра од Tesla Model S во верзијата со најмоќни батерии.
Elextra ќе биде четиривратен автомобил со погон на сите тркала, а ќе добие каросерија и шасија целосно од карбон. Според информациите од Classic Factory, во оваа варијанта електромобилот е 25% полесен од аналогната машина со алуминиумска конструкција. Во погонот влегуваат две електромотори – по еден на секоја оска. Вкупната моќност достигнува 680 КС, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,3 секунди. Во компанијата сметаат дека со овој показател возилото нема конкурент меѓу сериските автомобили направени за движење по јавни патишта. Максималната брзина на Elextra е оганичена на 250 km/h.
Развојот на електричната изведба е во Швајцарија, но производството ќе се одвива во Германија. Elextra ќе излезе во ограничена серија од 100 примероци, а цените се уште не се познати. Не се знае и кога ќе почне производството.