Смартфон наместо клуч за Mercedes-Benz E-Class

Компанијата Gemalto, која е еден од лидерите во сферата на дигиталните технологии и нивната безбедност, го обезбеди за  концернот Daimler својот интересен производ -Trusted Services Hub (TSH). Тој е врз основа на smartphone и може да се користи како клуч за возилото.

Новиот развој е предвиден за семејството на Mercedes-Benz E-Class. Со негова помош сопствениците на автомобилите можат целосно безбедно да користат smartphone со функција NFC за безбедно отклучување и заклучување на машината, како и за старт на нејзиниот мотор. Отворањето и затворањето на автомобилот ќе се случува со насочување на смартфонот кон вратата на возилото. Стартот пак за возврат ќе се спроведува, ако уредот е поставен во посебна ладица, сместена на инструменталниот панел. Од Gemalto се категорични дека палењето на моторот ќе се оствари дури и во случај батеријата на смартфонот да е речиси истрошена.

-Трансформацијата на електронски канали за интеракција е иднината и ние сме многу задоволни од тоа што Daimler AG целосно ја поддржува реализацијата на нашите идеи. Истовремено тоа дозволува да им нудиме на нашите клиенти иновативни услуги кои се целосно безбедни, истакна потпретседателот на Gemalto, Кристин Кавилијоли.

Автоплус

- Реклама -