Samsung вчера го претстави Samsung Galaxy Note II смартфонот на настан на IFA саемот во Берлин.
Новиот Note е потесен и повисок од старата верзија со 5,5 инчен HD Super AMOLED екран – малку поголем од 5,3 инчниот екран на претходниот Note. Samsung го постигнал потесниот дизајн со промена на односот воведувајќи 16:9 widescreen дисплеј.
Новиот Note работи на Android 4.1 “Jelly Bean” и има quad-core процесор од 1,6GHz и 2GB RAM. Нормално, телефонот го има и S Pen пенкалото, со неколку нови способности кои не беа достапни на стариот Note. Првата новина е Air View, која дозволува прегледување на содржини со држење на пенкалото над икони. На пример, ако го држите S Pen над ден во календарот, ќе се појави кус опис на состаноците за тој ден.
Новитет е и Quick Command: Само придвижете го S Pen нагоре и ќе се појави празен квадрат во кој ќе можете да пишувате команди, како испраќање електронска пошто до одреден контакт, кои веднаш ќе бидат извршени.
Galaxy Note II ќе биде достапен во верзии со 16, 32 и 64GB меморија, сите со способност за дополнителна меморија преку microSD картичка. Телефонот има камера од 8 мегапиксели со сите нови функции кои беа претставени во Galaxy S III. Новиот Note ќе биде достапен во бела или сива боја и ќе се појави во октомври во Европа и Азија. [Samsung Galaxy Note II launches at IFA 2012]