Дали ви требаат пријатели, роднини, па дури и шеф од работа кој ќе
дојде на вашата венчавка затоа што немате кого да викнете? Ако сте во
Јапонија, имате среќа! Нема потреба од запознавање – изнајмете ги!
Дали ви требаат пријатели, роднини, па дури и шеф од работа кој ќе дојде на вашата венчавка затоа што немате кого да викнете? Ако сте во Јапонија, имате среќа! Нема потреба од запознавање – изнајмете ги!
Компанија од Токио по име Office Agents изнајмува пријатели, колеги од работа па дури и роднини за да ја наполни гостинската листа.
За 127 фунти, еден од агентите на оваа компанија ќе присуствува на вашата свадба, додека срцепарателен говор ќе чини екстра 64 фунти, а песна или танц уште дополнителни 32 фунти. Вака, невестите или младоженците кои сакаат да го импресионираат семејството на партнерот сега може да ја наполнат листата со лажни гости.
Со рецесијата, оваа компанија расте затоа што луѓето во Јапонија изнајмуваат лажни шефови и колеги со цел да го прикријат срамот од отпуштање од работа. [Japanese company does thriving trade in ‘fake friends’]